четврток, 26. ноември 2020. Вести денес: 160
Во живо

Натпартиски протест за одбрана на црвените линии кои се последниот бедем на нашиот идентитет

home Вести

Коронавирус во светот: Починати 8.000 лица, заразени речиси 200.000

Коронавирус во светот: Починати 8.000 лица, заразени речиси 200.000

Бројот на заболени и починати од коронавирус во светот и натаму расте, а многу земји се одлучуваат да превземат драстични мерки за сузбивање на пандемијата затворајќи ги своите граница. ВО светот заразени се над 198.000 лица, а починала речиси 8.000

Кај најголем број од луѓето вирусот Ковид-19 предизвикува благи или умерени симптоми, но кај старите лица или хронично болните тегобите може да бидат многу тешки.

Од коронавирусот досега се излечиле над 81.000 лица од кои најголем број се од Кина, пренесува АП.

Европа стана жариште на коронавирусот, а над десетина милиони Европјани се соочија со драстични мерки. Во земјите како Шпанија и Франција се воведени низа ограничувања по примерот на Италија во борбата против коронавирусот.

Регионалниот директор на Светската здравствена организација за Европа, оцени дека Европа засега добро се држи во борбата против коронавирусот истакнувајќи дека заразата може да се победи со солидарност и дисциплина.

Коронавирус