четврток, 3. декември 2020. Вести денес: 0
home Вести

Коронавирус во светот – еве каква е состојбата денеска

Коронавирус во светот – еве каква е состојбата денеска

Според најновите податоци, во светот досега се регистрирани 119.389 луѓе заразени со новиот коронавирус. Од нив починати се 4.300, а оздравеле 66.583.

– Јадролинија го прекина сообраќајот со Италија.

– Молдавија ги затвори сите училишта, градинки и факултети. Вчера забранија влез во земјата на сите странци од подрачјата зафатени со вирусот. Молдавија досега бележи три заразени случаи, без починати.

– Во Индонезија почина 54 годишна жена заразена со коронавирус. Индонезија има уште 26 потврдени случаи.

– Монголија привремено ги затвори границите со Русија поради коронавирусот.

– Индија додаде нови земји на листата, откако луѓето кои ќе се вратат од таму во Индија мора да се стават во самоизолација. На 14 дена се самоизолираат луѓето кои дошле од следниве земји: Кина, Хонг Конг, Јужна Кореа, Јапонија, Италија, Тајланд, Сингапур, Иран, Малезија, Франција, Шпанија и Германија.

– Во три области во Вашингтон се забрануваат собири со повеќе од 250 лица.

– Во Србија се заразени 12 лица со коронавирус. Српскиот претседател Александар Вучиќ ги откажа сите предизборни собири на српската напредна странка до први април поради коронавирусот.

– Во САД има повеќе од 1000 заразени. Бројот на заразени двојно се зголеми од неделата, починати се 31 лице.

– Потврден е 16. случај во Хрватска, се работи за фризер кој бил во Минхен.

– Во Сплит стигнал траект од Анкона, 93 патници се во карантин.

– Јужна Кореа потврди нови 242 случаи заразени со коронавирус, а уште шест лица се починати

Коронавирус