сабота, 28. ноември 2020. Вести денес: 101
home Вести

Коронавирус ширум светот, ова се најновите информации

Коронавирус ширум светот, ова се најновите информации

Според последните податоци во светот со новиот коронавирус досега се заразени 110.110 луѓе, од кои 3.831 починале, а 62.356 оздравеле.

– Началникот на Генералштабот на армијата на Италија генерал Салваторе Фарина е заразен со новиот коронавирус. Во моментов е во соба за изолација во болница.

– Албанија ги пријави првите случаи на заразени со Ковид-19. Се работи за татко и син кои се вратиле од Италија. Тие се во стабилна состојба и немаат компликации.

– Една припадничка на кабински персонал на „Џапен Ерлајнс“ е позитивна на коронавируст.

– Јапонија соопшти дека во земјата од вирусот починале 15 лица.

– Американскиот републикански сенатор Тед Круз ќе остане во карантин во Тексас откако дознал дека се ракувал и кусо разговарал со човек во Мериленд кој бил позитивен на коронавирусот.

– На Филипините досега се пријавени 10 заразени

– Јужна Кореја ќе и уплати три милиони долари на Светската здравствена организација за борба против коронавирусот, соопшти министерот за надворешни работи Канг Кјунг-ва

– Во континенталниот дел на Кина, каде што избувна епидемијата, вчера се потврдени 40 нови случаи на коронавирусот, што е благ пад во однос на еден ден претходно кога тој број изнесуваше 44. Од новите случаи 36 се пријавени во Вухан, главниот град на провинцијата Хубеи, додека другите четири случаи во провинцијата Гансу биле „увезени од Иран“.

– Во Индија има 41 заразен.

– Затворениците во четири италијански затвори се побунија против новите правила кои треба да го спречат ширењето на коронавирусот. Едно од нив е забрана за посети што особено ги налути затворениците по што во четири затвори дојде до нереди. Во затворот во Модена загинал најмалку еден затвореник, но се уште не е јасно што се случило. Неколку затвореници се повредени

– Берзите во целиот свет се во пад поради кризата со Ковид-19, а драстично се намалија и цените на нафтата, најмногу од 1991 година.

– Бројот на заразени со новиот коронавирус во САД надмина 500, соопштија државните и локалните здравствени служби.

– Претседателот на Португалија, Марсело Ребело де Соуса ги откажа сите јавни обврски во следните две недели и ќе остане дома поради епидемијата на новиот коронавирус, соопшти неговиот кабинет.

– Авиокомпаниите низ светот прекинаа летови или ги променија своите услуги во согласност со мерките за борба против коронавирусот.

– Сингапур ќе му дозволи на крузерот „Коста Фортуна“ утре да се закотви во градот, откако му беше забрането да застане во Тајланд и Малезија затоа што меѓу патниците има Италијанци. Меѓу патниците и членовите на екипажот нема сомнителни случаи на Ковид-19.

– Еден германски турист почина од Ковид-19 во Египет, со што стана првата жртва на вирусот во земјата.

Коронавирус