вторник, 11. август 2020. Вести денес: 60
home Вести

„Корона-такса“ за стоматолозите во Швајцарија

„Корона-такса“ за стоматолозите во Швајцарија

Се повеќе стоматолошки операции во Швајцарија наплатуваат специјална „корона-такса“, што наиде на остри критики од Здружението за заштита на потрошувачите.

Претходно, фризерите воведоа специјални такси, оправдувајќи ги со трошоците за дополнителна дезинфекција.

Сега, стоматолозите, исто така, се одлучија да го преземат овој чекор, наплаќајќи им на пациентите такса за дезинфекција на работното место. Во Цирих, таа такса изнесува 15,30 франци.

Надлежните власти објаснуваат дека таксата за дезинфекција на работното место не е ништо ново, туку дека од јануари 2018 година е составен дел на стоматолошката тарифа. Сепак, досега огромното мнозинство на стоматолози не ја користеја оваа опција.

Сега, според Здружението на стоматолози, поради коронавирусот, стоматолозите имаат поголеми трошоци за дезинфекција на своите ординации, а поради задолжителното проветрување, тие имаат подолги паузи помеѓу приемот на пациенти. (МИА)

Коронавирус