четврток, 23. септември 2021. Вести денес: 134
home Вести

Копенхаген сака да забрани продажба на алкохол по 20 часот во зоните на ноќен живот

Копенхаген сака да забрани продажба на алкохол по 20 часот во зоните на ноќен живот

Градоначалникот на Копенхаген Франк Јенсен денеска предложи забрана за продажба на алкохол по 20 часот во деловите на градот каде се одвива ноќниот живот, а таа одлука не е поврзана со пандемијата на коронавирусот, туку со насилство.

Јенсен преку соопштение наведува проблеми во одредени делови на Копенхаген, особено во центарот на градот, како што се „зголемена бучава, пијани луѓе на улиците и неприфатливи епизоди на насилство“.

Тој предлага забрана за продажба на алкохол по 20 часот во делови од градот каде се одвива ноќниот живот, потсетувајќи дека до 2005 година, продажбата на пијалоци со повеќе од 2,8 проценти алкохол беше забранета помеѓу 20 и 6 часот наутро.

Според овој предлог, сè уште би било можно да се продава и консумира алкохол во барови и ресторани.

Коронавирус