петок, 30. октомври 2020. Вести денес: 0
home Вести

Конзервативците собрале доволно потписи за недоверба на Меј, таа тврди дека ќе преброди

Конзервативците собрале доволно потписи за недоверба на Меј, таа тврди дека ќе преброди

Британската премиерка Тереза Мај ги отфрли шпекулациите дека може да биде соборена од премиерската функција поради нејзиниот договор за Брегзит, јави Би-Би-Си.

– Ќе го пребродам тоа, рече таа

И покрај неколкуте оставки на министри во британската Влада и се погласните шпекулации за гласање недоверба, Меј вети дека ќе го потпише договорот во Брисел и ќе го достави пред пратениците.

– Курсот што го поставив е вистинскиот за нашата земја, рече таа.

Во меѓувреме, основачот и уредник на сајтот БрегзитЦентрал, Џонатан Исабеј на Твитер напиша дека конзервативците собрале доволно потписи за гласање надеверба на Меј како лидерка на партијата.

Коронавирус