понеделник, 21. септември 2020. Вести денес: 11
home Вести

Конте: Продолжувањето на вондредната состојба не значи и карантин

Конте: Продолжувањето на вондредната состојба не значи и карантин

Италијанскиот премиер Џузепе Конте во денешното обраќање пред членовите на Долниот дон на италијанскиот Парламент, изјави дека не се точни вестите оти продолжување на вонредната состојба од 31 јули до 15 октомври, значи и карантин.

Тој ги повика тие кои се против владиниот предлог да се јасно да се изјаснат, а не да и приговараат на Владата за намера што не постои.

– Предлогот на Владата за продолжување на вонредната состојба се заснова на организациски и оперативни барања, а не затоа што некој сака да ја искористи или иструментализира ситуацијата, посочи Конте.

Тој индиректно ги обвини опозициските партии дека „создаваат конфузија помеѓу граѓаните и го нарушуваат угледот на Италија во светот“.

– Не е точно дека продожувањето на вонредната состоба значи продолжување на карантинот, наведе Конте. (МИА)

Коронавирус