среда, 23. септември 2020. Вести денес: 63
home Вести

Конте: Германија и Франција не исмејуваат, нема да молчиме

Конте: Германија и Франција не исмејуваат, нема да молчиме

Италијанскиот премиер Џузепе Конте изјави дека Германија и Франција ги исмеваат Италија и Европската унија со договорот на овие две земји чија цел е Германија да добие постојано место во Советот за безбредност на ОН, објави денеска италијанскиот весник „Кориере дела Сера“.

– Тие исклучително мислат на сопствените национални интереси, ја цитира весникот изјавата на Конте.

Лидерите на Франција и Германија во вторникот потпишаа нов договор порачувајќи дека приоритетот на германско-француската дипломатија е Германија да биде прифатена како постојана членка на Советот за безбедност на ОН.

– Секако нашите сојузници не можат да сметаат на тоа дека ние ќе седиме и ќе молчиме и ќе гарантираме за одлуките кои ги донеле други, рече Конте.

Коронавирус