сабота, 29. јануари 2022. Вести денес: 0
home Вести

Конор Мек Грегор: Присилувањето на вакцинација е воено злосторство

Конор Мек Грегор: Присилувањето на вакцинација е воено злосторство

Конор Мек Грегор уште еднаш направил хаос на социјалните мрежи. Ирскиот борец го искажал своето мислење за вакцините и коронавирусот во контроверзната порака која подоцна ја избришал.

Ирецот во таа прилика ја обвинил Европската унија поради воведувањето на мерките и санкциите со кои се присилуваат луѓето да се вакцинираат.

„Мислите дека присилувањето на луѓето да стават нешто во своето тело не е злосторство? Луѓето треба да имаат право на избор. Обидот да бидат принудени да се вакцинираат од страна на ЕУ, не можам да се сложам со тоа, но знам дека нашите на власт ќе го прават тоа што ќе им се каже. Време е Ирска да ја напушти ЕУ, принудувањето на вакцинација е воено злосторство“, истакна тој.

 

Коронавирус