петок, 30. септември 2022. Вести денес: 99
home Вести

Конгресот објави доверлив документ за ФБИ

Конгресот објави доверлив документ за ФБИ

Американскиот Конгрес го објави доверливиот републикански документ во кој се обвинува ФБИ за користење нападна техника во истрагата за можно руско мешање во изборите, откако претходно американскиот претседател Доналд Трамп го одобри неговото објавување.

Комисијата за разузнавање при Конгресот, го објави онлајн документот откако доби „зелено светло“ од Трамп.

Во меморандумот се наведени наводни пропуси на ФБИ во првите етапи од истрагата за врски меѓу Трамп и Русија за време на претседателските избори во САД. 

Со објавувањето на Меморандумот, Трамп ги игнорираше предупредувањата од раководството на ФБИ.

– Она што се случува во нашата држава е срамно, изјави Трамп, објавувајќи дека го декласифицирал меморандумот од републиканскиот конгресмен и поранешен член во неговиот изборен штаб Девин Нуњес.

– Многу луѓе треба да бидат засрамени, додаде Трамп во изјавата фокусирана против раководството на ФБИ.

Сега се очекува Комисија на Претставничкиот дом да го објави меморандумот, откако вчера таа одобри објавување.

Меморандумот на четири странички ќе биде објавен и покрај приговорите на Демократската партија, ФБИ и Министерството за правда. Документот бил изготвен без одобрение на членови на комисијата од Демократската партија.

Трамп имаше пет дена да одлучи дали меморандумот ќе го декласифицира или ќе стави вето на одлуката за објавување.

Во меморандумот, меѓу другото се наведува дека ФБИ го злоупотребил законот за надзор на странски разузнавачки служби, така што го користел на несоодветен начин за да дојде до налог за прислушување, а потпирајќи се на непроверено досие за Трамп и Русија. Тоа досие го составил поранешниот агент на британската разузнавачка служба Кристофер Стил.

Трамп, претходно денеска ги обвини ФБИ и Министерството за правда дека го исполитизирал процесот во корист на Демократската партија.

Коронавирус