недела, 28. ноември 2021. Вести денес: 1
home Вести

Конгресот на САД усвои закон против анонимноста на пазарот со уметнички дела

Конгресот на САД усвои закон против анонимноста на пазарот со уметнички дела

Конгресот на САД усвои закон според кој трговците на уметнички дела треба да го откриваат идентитетот на купувачите и продавачите на уметнички слики, скулптури, антиквитети и други форми на уметност.

Со ова, пишува изданието Аксиос, завршува приватноста и анонимноста на пазарот со уметнички дела.

Законот стапува во сила во декември и според него се бара потврда за идентитетот на купувачите и продавачите, не само на посредниците при продажбата на уметнички дела. Намерата е да се запре со злоупотреби од типот кога со откупот на скапоцени дела се перат пари заработени на незаконски начин.

Измените во регулативата започнаа да се прават по објавувањето на Панамските документи во 2016 година и се со цел на криминалците да им се стеснува полето на маневри при затајување финансии со помош на уметнички дела и старини.

Регулативата во САД за повеќе транспарентност при офшор трансакциите и употребата на даночни оази, се распространува и кај банкарството и недвижностите. Министерството за финансии неодамна, по откривањето на Пандорините документи, објави построги правила за идентификација на „конечните бенефактори“ или тајните сопственици на шел компании на чие конто е капиталот.

Новиот американски закон е сличен на оној неодамна усвоен во ЕУ. Во САД и ЕУ се извршуваат речиси три четвртини од вкупните продажби на уметнички дела и антиквитети во светот.

Коронавирус