сабота, 6. март 2021. Вести денес: 36
home Вести

Kонгресмен од партијата на Трамп се обиде да внесе пиштол во собраниската сала

Kонгресмен од партијата на Трамп се обиде да внесе пиштол во собраниската сала

Конгресната полиција во Вашингтон ги истражува извештаите дека републиканскиот конгресмен Енди Харис вчера со пиштол се обидел да влезе во Претставничкиот дом на САД, јави телевизијата Ен-Би-Си.

– Еден од присутните безбедносни службеници виде огнено оружје кај конгресменот Харис и им ја соопшти информацијата на своите претпоставени, изјави за телевизијата портпарол на Капитол.

Тој појасни дека Харис не успеал да го внесе пиштолот во салата.

Минатата недела новиот член на парламентот во Долниот дом Тимоти Блоџет воведе правила според кои конгресмените мора да бидат проверени со детектори за метал пред да влезат во салата.

Коронавирус