сабота, 27. ноември 2021. Вести денес: 127
home Вести

Конфискувани четири милијарди долари на поранешниот претседател на Судан

Конфискувани четири милијарди долари на поранешниот претседател на Судан

Властите на Судан конфискуваа банкарски сметки на поранешниот претседател на земјата Омар ал Башир, на негови роднини и соработници во вредност од четири милијарди долари, објави телевизијата Ал Арабија, повикувајќи се на податоци од суданската Комисија за борба против корупција.

Вредноста на сметките и акциите во различни компании, кои се сопственост на поранешниот шеф на државата, на членовите на неговото семејство и на негови соработници, според првичните проценки изнесува меѓу 3,5 и четири милијарди долари.

Омар ал Башир управуваше со Судан 30 години и е соборен од власт со воен преврат на 11 април минатата година, по масовните протести во земјата.

Армијата формираше времен Воен совет, го распушти Парламемтот и го суспендираше Уставот.

Во септември 2019 година беше формирана преодна влада, а во декември истата година Ал Башир е осуден на две години затвор по обвинение за корупција. (МИА)

Коронавирус