петок, 29. јули 2022. Вести денес: 0
home Вести

Конашенков: За 24 часа елиминирани повеќе од 780 украински војници

Конашенков: За 24 часа елиминирани повеќе од 780 украински војници

Руското Министерство за одбрана денеска соопшти дека во изминатите 24 часа убиени се повеќе од 780 украински војници.

-Руската авијација, ракетните единици и артилеријата елиминираа повеќе од 780 украински војници во изминатите 24 часа, изјави портпаролот на руското Министерство за одбрана, генерал-потполковник Игор Конашенков.

Тој додаде дека над 300 украински војници и странски платеници, како и 35 парчиња тешко вооружување се елиминирани при прецизни удари во близина на Николајев.

-Од почетокот на специјалната воена операција, руските вооружени сили елиминираа 213 украински авиони, 1.355 беспилотни летала, 3.797 оклопни возила и 670 ракетни системи, наведе Конашенков. (МИА)

Коронавирус