петок, 7. август 2020. Вести денес: 129
home Вести

Компанијата која печати пари за 140 земји е пред банкрот

Компанијата која печати пари за 140 земји е пред банкрот

Англиската компанија Де Ла Руе, кој печати пари за вкупно 140 земји во светот, соопшти дека е на работ на колапс.

Раководството на компанијата потврди дека активирала план за санација на работењето кој не ги дава очекуваните резултати.

Во соопштението се вели и дека на компанијата и се заканува банкрот.

Компанијата, со околу 2.500 вработени, печати пари за 140 централни банки низ целиот свет, вклучувајќи ја и Британската централна банка (БоЕ).

Во последните шест месеци компанијата имала загуба од 9,2 милиони фунти (10,7 милиони евра), а долгот на компанијата во втората половина од годинава се зголеми на 170,7 милиони фунти (199 милиони евра).

По соопштението, акциите на Де Ла Руе на берзите изгубиле 20,6 проценти од вредноста.

Де Ла Руе почнала да печати банкноти уште во 1860 година, кога тоа го правела само за Мавританија, а една третина од парите кои моментално се во оптек во светот, излегуваат од печатачите на компанија.

Фирмата печати и пасоши за 40 држави.

Во компанијата се надеваа дека работата може да се стабилизира со печатењето на новите британски пасоши откако земјата ќе ја напушти Европската унија, но тендерот го доби конкурентската куќа Гемалто.

Кризата во компанијата ескалираше откако Венецуела не го плати долгот од 18 милиони фунти (21 милион евра).

Коронавирус