петок, 14. мај 2021. Вести денес: 3
home Вести

Компанијата Џонсон и Џонсон има „целосна доверба“ во својата вакцина против Ковид-19

Компанијата Џонсон и Џонсон има „целосна доверба“ во својата вакцина против Ковид-19

Компанијата Џонсон и Џонсон има „целосна доверба“ во својата вакцина против Ковид-19 и се надева дека „многу брзо“ ќе се најде решение со регулаторите за нејзина употреба, бидејќи вакцинацијата е суспендирана во Европа и САД поради ретката појава на сериозни случаи на згрутчување на крвта, изјави денеска финансискиот директор Џозеф Волк.

Европската агенција за лекови (ЕМА) денеска треба да соопшти мислење за вакцината на Џонсон и Џонсон, додека медицинскиот советник во Белата куќа Ентони Фаучи во неделата изјави дека одлуката на САД треба да биде објавена до петок.

– Се уште сме многу сигурни и се надеваме дека рамнотежата меѓу придобивките и ризиците ќе оди во наша полза, изјави Фолк во интервју за американската телевизија Си Ен Би Си.

Тој додаде дека „тие работат со регулаторите за да се гарантира дека ги имаат сите информации потребни за донесување одлуки“.

– Очекуваме да добиеме одлука од Европа и ФДА (Американска агенција за лекови) многу брзо, можеби на крајот на оваа недела, за да можеме да продолжиме понатаму, нагласи Волк.

Коронавирус