понеделник, 17. мај 2021. Вести денес: 154
home Вести

Комитет за итни случаи на СЗО: Продолжува светската здравствена вонредна состојба

Комитет за итни случаи на СЗО: Продолжува светската здравствена вонредна состојба

Светската здравствена организација ја продолжи глобалната здравствена вонредна состојба поради пандемијата на Ковид-19 за уште три месеци, соопшти Комитетот за итни случаи на СЗО.

Комитетот се согласи дека пандемијата останува во вонредна состојба за јавното здравје од меѓународно значење и му понуди совети на генералниот директор, се вели во соопштението.

Генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, на брифинг истакна дека светот има начини да ја стави под контрола глобалната пандемија во следните месеци.

– Имаме начини да ја ставиме оваа пандемија под контрола за неколку месеци, ако ги применуваме доследно и правично, изјави Гебрејесус.

Коронавирус