сабота, 28. ноември 2020. Вести денес: 94
home Вести

Комеморација за Денот на геноцидот врз Ромите во Втората светска војна

Комеморација за Денот на геноцидот врз Ромите во Втората светска војна

Во Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите во Република Македонија денеска ќе се одржи комеморација по повод  Денот на геноцидот врз Ромите од Втората светска војна кој се одбележува на 2 август.

Настанот за сеќавање на жртвите од геноцидот го организираат министерот без ресор Музафер Бајрам, задолжен за имплементација на Стратегијата за подобрување на состојбата на Ромите во земјава, здружението на граѓани „Ромаверзитас“ и Ромскиот младински центар од Куманово.

Денот на геноцидот врз Ромите во Втората светска војна се одбележува согласно со Резолуцијата која Европскиот парламент ја усвои на 15 април 2015 година. Европскиот ден на геноцидот врз Ромите се одбележува на 2 август – датумот на кој во 1944 година во гасни комори биле убиени 2 897 Роми и Синти во т.н. цигански логор во Аушвиц-Биркенау во окупирана Полска.

Во логорите на смртта низ цела Европа во Втората светска војна се смета дека се убиени околу половина милион Роми.

Коронавирус