вторник, 17. септември 2019. Вести денес: 52
home Вести

Колумбиските вооружени сили се во состојба на воена готовност заради воени вежби на Венецуела

Колумбиските вооружени сили се во состојба на воена готовност заради воени вежби на Венецуела

Колумбиските вооружени сили се во состојба на воена готовност во одговор на венецуелските воени вежби на границата меѓу двете држави што Богота ги смета за отворена закана. Тоа го изјави колумбискиот генерал Луис Наваро.

Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро нареди воени вежби долж границата, како одговор на, како што рече, колумбиските планови за агресија против Венецуела.

-Бевме отворено загрозени, изјави генерал Наваро пред медиумите, известувајќи дека колумбиските вооружени сили се во состојба на готовност.

Мадуро ја обвини Колумбија дека подготвува напади откако колумбискиот претседател Иван Дуке рече дека социјалистичкиот водач ги брани членовите на бунтовничката Армија на национално ослободување и на членови на ФАРК, кои неодамна ја продолжија вооружената борба. (МИА)