четврток, 27. февруари 2020. Вести денес: 19
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Колумбија распореди дополнителни 5.000 војници по границата со Венецуела

Колумбија распореди дополнителни 5.000 војници по границата со Венецуела

Претседателот на Колумбија Иван Дуке објави дека дополнителни 5.000 војници ќе бидат распоредени во реонот на Кататумбо на границата со Венецуела за борба со шверц на дрога и против илегални вооружени груипи.

Војниците ќе се споротистават на терористи и организирани групи кои сакаат насилства во тој регион, втор по големина по производство на дрога во Колумбија.

Новите сили ќе бидат заедно со 2.000 војници и полицајци мобилизирани во крајот на април за да им помогнат на шест илјади војници кои го обезбедуваат пограничниот регион со Венецуела.

Колумбија и Венецуела имаат заедничка граница од 2.200 км и меѓусебните односи се замрзнати од поранешниот колумбиски претседател Мануел Сантос.