четврток, 26. ноември 2020. Вести денес: 124
home Вести

Колку пари добиваат невработените Американци?

Колку пари добиваат невработените Американци?

Милиони Американци ја изгубиле работата откако пандемијата на коронавирусот ја погодила оваа држава.

Сепак, тие можат да користат значајна финансиска заштита во текот на кризата.

Многу од нив всушност ќе добиваат повеќе пари од бирото отколку што изнесувале нивните плати. Меѓу нив има и такви кои ќе добиваат двојно повисоки износи од своите претходни плати.

Според анализата на Ноа Вилијамс, директор на Центарот за истражување на економијата на Висконсин на Универзитетот Висконсин-Медисон, околу 40 проценти од сите работници би можеле теоретски да заработат повеќе откако се невработени отколку што би заработиле ако се вратат на работа.

Законот, познат како “Cares”, го зголемил надоместот за невработените на неколку начини. Го зголемил неделниот надомест и го проширил бројот на луѓе кои може да ги примат парите.

Според законот, невработените примаат дополнителни 600 долари неделно, кои ги финансира сојузната влада.

Тоа се надополнува на надоместот за невработени кој секоја поединечна држава обично им го исплаќа на работниците, а чиј износ варира од држава до држава.

Просечен работник во повеќе од половина држави ќе заработи повеќе од невработеност отколку од својата претходна работа, покажува и анализата која ја спровел Ерни Тедески, економист од “Everscore ISI”.

Експертите пресметале дека, на пример, работниците кои се вработени во ресторани за брза храна, сега добиваат 219 проценти од платата, односно повеќе од двојно повеќе од што заработувале во просек додека работеле.

Нивните плати во просек биле 11 долари на час.

Просечен работник во угостителство и хотелиерство, кој заработувал 13,45 долари по час, сега ќе има 182 проценти од примањата, што е нешто помалку од двојно од времето кога работел.

Од друга страна, оние кои заработувале многу повеќе пред кризата, сега ќе имаат помалку пари во однос на својата редовна плата.

Целта на владата била, во просек, невработените работници да имаат исто пари како и во периодот кога работеле.

Додатокот од 600 долари неделно за невработените ќе трае до крајот на јули.

Од почетокот на кризата околу 33 милиони Американци се пријавиле во бирото.

Коронавирус