четврток, 21. октомври 2021. Вести денес: 186
home Вести

Колку гласови освои Кање Вест на изборите досега?

Колку гласови освои Кање Вест на изборите досега?

Кање Вест призна пораз на изборите за претседател во САД на кои се кандидираше во последен миг.

Вест се кандидираше како независен кандидат и не се прослави на изборите и според американските медиуми освоил нешто помалку од 60.000 гласови во 12 држави.

Тој доби најмногу гласови – повеќе од 10.000 – во сојузната држава Тенеси. Солиден број гласови – по 6.000, односно 7.000 – доби и во државите Кентаки и Минесота.

 

View this post on Instagram

 

KANYE2020🇺🇸

A post shared by ye (@kanyewest) on

Кање Вест најави дека ќе се кандидира и на изборите во 2024 година. Тој објави фотографија на Twitter со опис WELP KANYE 2024, но подоцна ја избриша од профилот.

Тој призна дека својот глас на изборите го дал за себе, додека неговата позната сопруга Ким Кардашијан најверојатно гласала за Бајден.

Локални избори 2021