петок, 27. ноември 2020. Вести денес: 66
home Вести

Кој ја примил оваа вакцина како дете, заштитен е од коронавирус?

Кој ја примил оваа вакцина како дете, заштитен е од коронавирус?

Ново истражување покажува дека во земјите каде што луѓето примаат вакцина БЦГ по раѓањето, има помала смртност од коронавирусот.

Оваа вакцина создава имунитет против туберкулоза, но се’ уште не е јасно како помага за борба против коронавирус.

Имено, земјите во кои е задолжителна оваа вакцина, имаат десет пати помала смртност од вирус КОВИД-19, за разлика од земјите во кои таа вакцина не се применува.

Овие податоци се резултат на истражување што го спровеле американските и британските научниците, а резултатите биле претставени пред неколку дена.

Американско-британското научно истражување ја следело смртноста од корона во 178 земји, во период од 15 дена, односно од 9 до 24 март. Бројките на крајот покажале дека појавата на КОВИД-19 во земјите каде што не се прима задолжително вакцината БЦГ е поголема одошто во земјите каде што се применува, но и дека смртноста во земјите што ја даваат вакцината е десет пати помала за разлика од оние во кои не се применува оваа пракса.

Доктор Ашиш Камат, американски онколошки хирург, кој работел на ова истражување, рекол дека ги чекаат резултатите за тоа колку е заштитно влијанието на БЦГ во случај на коронавирус, но овие показатели што ги дало истражувањето се пријатно изненадување. Последниве недели, токму вакцината БЦГ се спомнува како еден од значајните потенцијални кандидати, врз основа на чиј состав би можело да се создаде вакцина за КОВИД-19.

Коронавирус