сабота, 19. септември 2020. Вести денес: 26
home Вести

Кој е најзагрозен поради коронавирусот: Објавени најнови податоци

Кој е најзагрозен поради коронавирусот: Објавени најнови податоци

Заразувањето со коронавирусот нема сите да го почувствуваат исто, постарите лица и хронично болните се најзагрозени, а научниците работат на откривањето на сите оние групи кои спаѓаат во загрозени.

Што открија научниците во последните три месеци, откако се борат со пандемијата?

Повеќето случаи во Кина, поточно 87% од нив се луѓе на возраст од 30 до 79 години, покажува извештајот на кинескиот Центар за контрола на болеста. До овој резултат е дојдено на основа на податоци од 72.314 заболени во оваа земја. Ова покажува дека еден од клучните фактори е самата отпорност на организмот, а не стилот на живеење, бидејќи луѓето во овие години се најчесто во контакт со помал број на луѓе во однос на помладите. Тинејџерите и луѓето во дваесеттите години се поактивни, имаат поширок круг на познаници и со тоа се поголеми шансите да се заразат со вирусот, но сепак, според овие податоци, има најмал број на заболени од нив. Како што покажуваат податоците од Кина, само 8,1% од случаите биле лица на 20 години, 1,2% биле тинејџери, 0,9% деца под 9 години.

Податоците од Кина покажуваат дека 2,3% од потврдените случаи завршиле со смртен исход. Меѓутоа, во старосната група од 80 години и повеќе, смртноста била 14,8%. Во таа група голема е веројатноста заболените да страдале и од други болести, имале послаб имун систем и полошо општо здравје.

Од друга страна, процентот на смртност кај луѓето од 50 години е 1,3%. Степенот на смртност кај луѓето во четириесеттите години била 0,4%, а степенот на смртност кај заразените на возраст меѓу 10 и 39 години била 0,2%.

Ова веројатно е поврзано со силата на респираторниот систем. Анализите од Вухан покажуваат дека околу половина од 109 пациенти на возраст од 22 до 94 години заболеле од акутен респираторен дистрес синдром, односно акутен ендем на белите дробови по што доаѓа до оштетување. Половина од пациентите со овој синдром починале, додека кај оние кои не го развиле овој синдром процентот на преживување е поголем. Пациентите со овој синдром биле просечно на возраст од 61 година. Просекот на годините на оние кои не заболеле од синдромот е 49.

Во Кина е спроведена студија над 1.590 пациенти за да се дознае општото здравје и пороците како пушењето, како влијаат на текот на болеста. Според резултатите, 399 пациенти со најмалку една придружна болест, како кардиоваскуларни болести, дијабетес, хепатит Б, проблеми со белите дробови или бубрезите, рак, имаат 79% повеќе шанси да завршат на интензивна нега и респиратор или и на двете. 130 пациенти со две или повеќе хронични болести биле двапати повеќе загрозени.

Коронавирус