петок, 24. септември 2021. Вести денес: 134
home Вести

Кои се први кандидати за трета доза на вакцина против COVID-19?

Кои се први кандидати за трета доза на вакцина против COVID-19?

Главниот американски експерт за заразни болести Ентони Фаучи оцени дека за вакцинираните Американци чиј имун систем е загрозен можно е да биде потребна дополнителна доза на вакцина против COVID-19, пренесе Reuters.

САД се соочуваат со зголемена бројка на заразени со делта варијантата на коронавирусот. Фаучи во интервју за CNN изјави дека станува збор за „пациенти кои имале трансплантација, кои минале низ хемотерапија поради канцер, кои имаат автоимуни болести, кои се на имунотерапија“, изјавувајќи дека ова се првите кандидати за евентуална трета доза на вакцина.

Тој нагласи дека здравствените експерти активно разгледуваат дали сепак треба да се воведат упатства за носење маски и за Американците кои се вакцинирани.

Укажувајќи на студиите кои покажуваат дека можеби доаѓа до пад на имунитетот на луѓето кои се вакцинирани, Фаучи рече дека американските здравствени власти ги анализираат податоците за да одредат кога би била потребна ревакцинација.

Коронавирус