вторник, 22. септември 2020. Вести денес: 0
home Вести

Коалите масовно гладуваат поради неконтролирана сеча

Коалите масовно гладуваат поради неконтролирана сеча

Заштитници на животините на Австралискиот континент укажуваат дека коалите масовно гладуваат оти луѓето ги сечат дрвјата заради заштита од пожар, уништувајќи го природниот извор на храна на овие животни.

Прифатилиштето за коали на островот Рејмонд, на брегот на сојузната држава Викторија, неделно наоѓаат барем една изгладнета коала. А, цела Австралија, посебно Нов Јужен Велс е погоден од екстремни жештини и суша.

– Тоа ги погодува коалите низ целата земја, не само на островот Рејмонд, истакнува Венди Хендриксен од прифатилиштето, каде што живеат 250 коали.

На коалите на Рејмонд, кои се хранат главно со лисја од еукалиптус, им се заканува истребување и поради тоа што новодоселениците масовно ги ловат и продаваат поради крзното.

– За нив загрозувачки се и шумските пожари, посебно оние во Викторија, смета проф. Валентина Мела од Универзитетот на Сиднеј.

Коалите, според австралискиот закон, се „чувствителни” животни и во дивината ги има помалку од 90.000, а според некои извештаи – само 43.000 единки. (МИА)

Коронавирус