четврток, 16. септември 2021. Вести денес: 99
home Вести

Кнајсел бара рехабилитација за Асанж

Кнајсел бара рехабилитација за Асанж

Поранешната австриска министерка за надворешни работи Карин Кнајсел побара рехабилитација за основачот на Викиликс, Џулијан Асанж.

Таа истакна дека со извештајот на специјалниот известувач на ОН за злоставување, Нилс Мелцер се случил пресврт во целиот случај.

Според неа, сега се потребни политички последици.

– Станува збор дека тој човек треба да се рехабилитира, нагласи Кнајсел, укажувајќи дека Асанж претставува предупредување како „во демократските општества свиркачите се замолчуваат“.

Поранешната шефица на австриската дипломатија потсети дека Асанж бил обвинет за силување, кое воопшто не се случило.

– Тоа е посебно перфидно во целиот случај. Асанж имаше храброст и сега неговиот живот е уништен, истакна Кнајсел

Коронавирус