четврток, 26. ноември 2020. Вести денес: 135
Во живо

Натпартиски протест за одбрана на црвените линии кои се последниот бедем на нашиот идентитет

home Вести

Климатски промени, глад и смрт: Eксплозија која ќе го уништи целиот свет

Климатски промени, глад и смрт: Eксплозија која ќе го уништи целиот свет

Конфликтот меѓу Индија и Пакистан расте, и не е невозможно една од двете земји, еден убав ден, да одлучи да користи нуклеарно оружје. Ова ќе има далекусежни последици, велат експертите од американскиот Национален центар за атмосферски истражувања.

Ако во регионот бидат детонирани неколку бомби, климата во светот ќе се промени и ќе се појави глад и смрт. Според Мајкл Милс, експерт од Национален центар за атмосферски истражувања, експлозијата нема да предизвика само силен шок и зрачење, туку и интензивна топлина што ќе предизвика пожари во радиус од сто километри. Ова ќе доведе до формирање на огнени торнада кои ќе проголтаат и ќе уништат сè на патот. Во атмосферата ќе бидат исфрлени големи количини на чад и пепел, кои ќе го сокријат Сонцето.

Детонацијата на 50 нуклеарни глави (половина од потенцијалот на двете земји) во атмосферата ќе подигне пет милиони тони фини честички. Ова ќе биде доволно за да се формира „заштитна” обвивка околу целата планета и да настапи нуклеарна зима. Таа ќе трае децении и ќе уништи скоро 30 отсто од озонската обвивка.

Просечните температури ќе паднат за 1,5 степени под нормалата. Во земјите со умерена клима, заладувањето може да биде многу позначајно. Во зима температурите ќе паднат за 2,5 степени, а во лето – за 1,4 степени. Ова ќе го скрати периодот на раст и развој на растенијата за 10-40 дена. Загубата на топлина во океаните ќе има негативно влијание врз морските животни и риболовот. Оваа ситуација ќе трае најмалку 25 години. (МИА)

Коронавирус