среда, 18. септември 2019. Вести денес: 100
home Вести

Ќерката на Доналд Трамп на шопинг во Белград (ВИДЕО)

Ќерката на Доналд Трамп на шопинг во Белград (ВИДЕО)

Ќерката на американскиот претседател Доналд Трамп, Тифани, пристигна во Белград, а според пишувањата на српските медиуми таму ќе престојува десетина дена.

Најмладата ќерка на американскиот претседател синоќа со друштво и со музика се забавувала на Скадарлија.

Тифани, која студира право и се занимава со манекенство, била во придружба на своето момче Мајкл Булос, кој живее во Велика Британија.

Тифани и Мајкл планираат да останат во српската престолнина 11 денови, пренесува „Прва ТВ“.

Денеска околу 10 часот ќерката на Трамп го напуштила хотелот каде што е сместена во друштво на двајца пријатели. За да се скрие од папарацо фотографите ставила качкет, но не го криела доброто расположение. По кратката прошетка седнала во еден ресторан.