понеделник, 30. ноември 2020. Вести денес: 155
home Вести

Ќе се воведе самотестирање за коронавирус

Ќе се воведе самотестирање за коронавирус

Здравствените установи во Њујорк ќе воведат самотестирање за коронавирус во кое граѓаните сами ќе може да земаат примероци според упатства на здравствените работници, најави градоначалникот Бил де Бласио.

Тој рече дека тоа ќе овозможи далеку повеќе тестови кои ќе бидат полесни и посигурни и за пациентите и за здравствените работници.

„Тоа е нешто што ќе почнеме масовно да го користиме затоа што за сите ќе биде подобро“, рече Де Бласио.

Досега, тестирањето го правеа здравствените работници така што земаа брисеви од ноздрите, што често ги ирититало пациентите на кивање и кашлање со што директно биле загрозени здравствените работници.

Новиот метод би требало да почне да се применува следните денови на осум места во градот.

Процесот ќе функционира така што здравствениот работник ќе му објасни на граѓанинот како да го направи тестот, а потоа лицето ќе оди во друга просторија, ќе си земе брис од носот и ќе остави плунка во чаша за втор примерок за вкрстена проверка.

Коронавирус