петок, 27. ноември 2020. Вести денес: 139
home Вести

Ќе се укине ли летното сметање на времето?

Ќе се укине ли летното сметање на времето?

Европската онлајн анкета за евентуално укинување на праксата на поместување на стрелките на часовникот нанапред во текот на летното сметање на времето, предизвика голем интерес, соопштија претставници на ЕУ.

-Уште сме на средина на испитувањето и регистриравме повеќе од милион испитаници, изјави портпарол на ЕК за ДПА.

Само во првите три дена се регистрирале повеќе од 500.000 лица.

Социолошкото испитување, кое почна во јули, а ќе трае до 16 август, ги прашува европските граѓани, дали претпочитаат укинување на летното сметање на времето, и дали преферираат лето или зима за менување на времето.

Врз основа на резултатите и наодите од другите анкети, ЕК сака да донесе одлука за предлогот за укинување летното сметање на времето.

Европскиот парламент, како и неколку земји членки, ја замолија Комисијата да ја преиспита сегашната практика за поместување на стрелките на часовниците на пролет и на есен, и да процени дали таа треба да биде променета.

Коронавирус