понеделник, 30. март 2020. Вести денес: 145
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Ќе паднете во несвест кога ќе бидите колку вреди: Во Данска украдено најскапото шише вотка во светот

Ќе паднете во несвест кога ќе бидите колку вреди: Во Данска украдено најскапото шише вотка во светот

Данската полиција истажува кражба на шише вотка за кое се тврди дека е најскапо на светот, со цена од 1,3 милиони долари.

Истражителот Кнуд Хвас кажа дека е прерано да се каже дали крадецот провалил во „Кафе 33“ или користел клуч.

Не е украдено ништо друго.

Хвас кажа дека полицијата работи на кражбата за која се известени во вторникот.

Данската ТВ2 навела дека шишето „Русо-Балктика“ е сочинето од три килограми злато и иста количина сребро, со капаче од дијаманти.

Сопственикот на кафулето Брајан Ингберг, кој во барот има 1.200 шишиња вотка, кажа дека украденото шише е налик на предните страни на постарите автомобили.

Според неговите зборови вотката не е осигурана и позајмена е од еден руски бизнисмен.