сабота, 31. октомври 2020. Вести денес: 52
home Вести

Кипарските Турци избираат нов претседател

Кипарските Турци избираат нов претседател

Кипарските Турци денеска избираат нов претседател чија главна задача во наредниот период ќе биде да ги надмине длабоките политички поделби со кипарските Грци, отворајќи го патот за договор за завршување на 46-годишната поделба на островот и смирување на тензиите.

Изборите се одржуваат во време на обвинувања дека Турција отворено се обидува да го насочи електоратот од 200.000 гласачи кон десничарскиот кандидат Ерсин Татар. Татар се залага за целосно усогласување на политиката на кипарските Турци со политиката на Анкара и решение за две држави како алтернатива на долгогодишниот федерален модел за поделен медитерански остров.

Според предвидувањата на аналитичарите за 11-те претседателски кандидати, главната трка ќе се води меѓу левичарскиот актуелен претседател, Мустафа Акинчи, лидерот на левиот центар на ЦТП, Туфан Ерхурман и десничарот Татар.

Доколку ниту еден од кандидатите не освои апсолутно мнозинство, вториот круг од изборите е закажан веќе следната недела.

Првиот голем тест за победникот најверојатно ќе биде состанокот на кој домаќин ќе биде генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, а на кој ќе треба да присуствуваат двете кипарски страни со тројцата гаранти, Грција, Турција и Велика Британија, за да се искористи шансата за продолжување на замрзнатите мировни разговори.

Кипар е поделен од 1974 година по турската воена интервенција, како одговор на грчкиот државен удар на југот. Последните мировни разговори со посредство на Обединетите нации пропаднаа во 2017 година и оттогаш нема никаков напредок во разговорите.

Коронавирус