среда, 26. февруари 2020. Вести денес: 0
home Вести

Кипар тврди дека Турција го прекршува меѓународното право при потрагата по нафта и гас

Кипар тврди дека Турција го прекршува меѓународното право при потрагата по нафта и гас

Кипар денеска ја обвини Турција за прекршување на меѓународното право со започнување операции близу тој остров, во потрага по нафта и гас.

„Фактот дека овие нови нелегални активности беа објавени во истиот ден кога стапи во сила новата рамка на санкции на ЕУ, е манифестација на екстремно и провокативно непочитување на меѓународното и европското право“, се вели во соопштението на кипарското претседателство.

Европската унија неодамна претстави систем за воведување санкции на Турција поради тоа што неовластено спроведувала дупчења во Средоземното Море близу Кипар заради експлоатација на гас.

Санкциите вклучуваат забрани за патувања и замрзнување на средства за луѓе и субјекти, како што се компании или организации, а на граѓаните и компаниите од ЕУ ќе им биде забрането да им даваат средства. (МИА)