недела, 19. септември 2021. Вести денес: 87
home Вести

Кинезите успешно го спуштија модулот „Чанг-5“ со примероци од тлото на Месечината

Кинезите успешно го спуштија модулот „Чанг-5“ со примероци од тлото на Месечината

Кинескиот модул „Чанг-5“, што замина на Месечината за да собере примероци од тлото, денеска слета во северниот дел на кинеската провинција Внатрешна Монголија, јави агенцијата Ксинхуа.

Агенцијата додава дека ова е првата мисија со враќање од Месечината од далечната 1970 година.

Модулот денеска, во раните утрински часови по локално време, слета во Сизиванг или Дорбод, во Внатрешна Монголија.

Кинезите на 24 ноември го лансираа „Чaнг 5“ и на почетокот на декември модулот го спуштија на Месечината.

Успехот на Кинезите го покажува фактот дека Кина е само третата земја во светот што зема примероци од лунарното тло, по САД и Советскиот сојуз, кои први успешно ја завршија мисијата од ваков тип пред 44 години, пренесуваат британските медиуми.

Планот беше модулот да се донесе два килограма примероци од почвата од Месечината, иако се уште не се знае колку материјал е донесен. (МИА)

Коронавирус