среда, 27. јануари 2021. Вести денес: 158
home Вести

Кинези биле 38- те мажи и тинејџерот најдени во камион во Британија

Кинези биле 38- те мажи и тинејџерот најдени во камион во Британија

Сите 39 мажи , меѓу кои и еден тинејџер се од кинеска националност , соопшти Би Би Си , повикувајќи се на извори од истрагата.

Вчера во Есекс беа најдени тела на 38 мажи и едентинејџер во камион со приколка – ладилник , кои патувале по чуден пат од Белгија преку Ирска во Британија. Полицијата продолжува да го испрашува возачот на камионот Мо Робинсон (25), кој беше уапсен под сомнение за убиство.

Службениците во Северна Ирска извршија рација во две куќи, а Националната агенција за криминал соопшти дека работи на идентификување на „групите на организиран криминал кои можеби се вмешани во случајот“.

Приколката пристигна во Перфлит преку реката Темза од Зејбриг во Белгија.

Вработените во брзата помош ги откриле телата на 38 возрасни и еден тинејџер во контејнер во индустрискиот парк Ватерглајд во Грејс вчера во 01:30.

Камионот и приколката го напуштија пристаништето во Перфлит кратко време по 01:05 часот.

Полицијата соопшти дека предниот дел од камионот дошол од Северна Ирска и ја подигнал приколката со телата од Перфлит.

Советникот Пол Бери рече дека селото Лаурелвеле, каде што живее семејството на возачот Робинсон, е во „целосен шок“.

Тој рече дека бил во контакт со таткото на Робинсон, кој во средата дознал за апсењето на неговиот син преку социјалните мрежи.

„Локалната заедница се надева дека тој е невин , но тоа е во рацете на полицијата на Есекс“, рече тој.

Белгиското Федерално јавно обвинителство соопшти дека отвориле случај што ќе се фокусира на организаторите и другите вклучени во транспортот.

Портпаролот изјави дека контејнерот пристигнал во Зејбриг во 14:29 во вторникот и го напуштил пристаништето подоцна тоа попладне, пред да пристигне во Перфлит во раните утрински часови во средата.

Не е јасно кога жртвите биле сместени во контејнерот или дали тоа се случило во Белгија, рече тој.

Камионот е префрлен на сигурно место кај за да може да се сочува достоинството на жртвите додека трае истрагата.

Полицијата од  Есекс соопшти дека националноста на жртвите не е позната и дека официјалното идентификување „може да биде долг процес“.

Полицијата порано посочи дека товарот може да биде од Бугарија, но подоцна дополнија дека полицајците утврдиле  дека камионот со контејнер влегол во Велика Британија од Белгија.

 

Коронавирус