четврток, 22. јули 2021. Вести денес: 204
home Вести

Кинез заразен со нов вид на птичји грип – дали има опасност од пандемија?

Кинез заразен со нов вид на птичји грип – дали има опасност од пандемија?

41-годишен маж од источната кинеска провинција Џагсу е заразен со нов вид птичји грип наречен Х10Н3, што е помалку опасен од другите, соопшти денеска Кинеската национална комисија за здравство (НХЦ).

Жител на градот Џенџијанг беше хоспитализиран на 28 април, откако доби висока температура и уште неколку други симптоми, изјави NHC.

Еден месец подоцна, на 28 мај, било утврдено дека има птичји грип, но деталите за тоа како мажот се заразил со вирусот не се познати, објави Ројтерс, пренесува Танјуг.

H10N3 е помалку опасен вид, така што ризикот од епидемија е многу мал, додаде NHC.

Човекот е стабилен и подготвен да биде отпуштен од болницата, а со следење на неговите контакти, не се откриени други случаи.

Постојат неколку видови на птичји групи во Кина, а понекогаш се случува и инфекцијата да се појави, но немало поголем број на заразени од 2016-2017 година, кога видот Х7Н9 убил околу 300 лица.

Коронавирус