сабота, 15. август 2020. Вести денес: 0
home Вести

Кинескиот трговски суфицит во мај надминал 60 милијарди долари

Кинескиот трговски суфицит во мај надминал 60 милијарди долари

Кинескиот трговски суфицит во надворешната трговија во мај изнесувал околу 60 милијарди американски долари (424 милијарди јуани), се наведува во официјалните статистички податоци на кинеските служби.

Приходите од трговијата изнесувале 1,59 трилион јуани, а расходите 1,17 трилион јуани, соопшти Државната управа за девизи, пренесува Кинеското меѓународно радио (ЦРИ).

Приходите од трговија со стоки биле 1,46 трилион јуани, а расходите 965 милијарди јуани. Трговскиот суфицит достигна 494,2 милијарди јуани.

Трговскиот дефицит во услугите истовремено изнесувал 70,2 милијарди јуани.

Коронавирус