петок, 14. мај 2021. Вести денес: 0
home Вести

Кинескиот извоз во март се зголемил за 30 отсто

Кинескиот извоз во март се зголемил за 30 отсто

Кинескиот извоз во март се зголеми за 30 проценти во споредба со истиот период од минатата година, што претставува дополнителен силен раст на надворешната трговија на земјата, пренесува ДПА.

Податоците од кинеската Царина, објавени денеска, исто така, укажаат на неочекувано силен скок на увозот, што пораснал за 38,1 процент.

Март е деветти месец по ред на раст на кинескиот извоз, а увозот, пак, се зголемува шести месец по ред, додава ДПА.

Во првите два месеци од годинава, извозот на Кина скокна за 60,6 проценти. Увозот порасна за 22,2 проценти во јануари и февруари.

За целиот прв квартал има зголемување на извозот за 49 проценти, и раст на увозот за 28 проценти, соопшти кинеската Царина.

Коронавирус