вторник, 15. јуни 2021. Вести денес: 180
home Вести

Кинески научници тврдат: Коронавирусот ќе ни се враќа секоја година, ова не е како САРС

Кинески научници тврдат: Коронавирусот ќе ни се враќа секоја година, ова не е како САРС
Foto: Tanjug/AP

Кинеските научници тврдат дека новиот корона вирус веројатно нема сосоема да биде искоренет и истиот може да ни се повторува како сезонскиот грип.

Малку е веројатно дека довиот вирус ќе исчезне како САРС пред 17 години, затоа што оваој вирус ги инфицира луѓето и без никакви симптоми. Оваа група на таканаречените асимптоматски преноси го отежнува целосното изолирање на преносот на истиот, и истите незабележано можат да го шират, рекла група медицински истражувачи од Пекинг.

Од САРС, инфицираните беа доста болни. Кога биле ставени во карантин, вирусот престана да се шири. Наспроти тоа, во Кина сеуште има асимптоматски случаеви на корона вирус секој ден, иако епидемијата е ставена под контрола, пренесува Блумберг.

-Веројатно е дека ова ќе биде епидемија која што ќе потрае долго, која станува сезонска и се одржува во телата на луѓето, рекол директорот по патогена биологија Јин Ки.

ЕУРО 2020

Македонија