сабота, 18. септември 2021. Вести денес: 0
home Вести

Кинески експерти и претставници на СЗО ја посетија провинцијата Хубеи

Кинески експерти и претставници на СЗО ја посетија провинцијата Хубеи

Експертска група составена од претставници на Кина и на Светска здравствена организација (СЗО) за време на викендот ја посетија кинеската провинција Хубеи, од каде почна епидемијата на новиот коронавирус, соопшти денеска кинеската Државна здравствена комисија.

Експертите ја посетија болницата Тунџи, спортскиот центар Вухан, што беше претворен во привремена болница, како и Центарот за контрола и превенција на провинцијата.

Директорот на Државната здравствена комисија Ма Ксијавеј истакна дека Кина не се грижи само за здравјето на кинескиот народ туку и за глобалното јавно здравје.

– Кина е убедена и одлучна да ја победи епидемијата, наведе Ма.

Тој им се заблагодари на експертите за нивната работа во Кина во овој клучен момент за борба против епидемијата и за нивните совети за ефикасно справување со вирусот.

Коронавирус