петок, 24. септември 2021. Вести денес: 134
home Вести

Кинески дипломат до Помпео: Кина и САД да одржуваат меѓусебни односи во период на пандемијата

Кинески дипломат до Помпео: Кина и САД да одржуваат меѓусебни односи во период на пандемијата

Кинескиот дипломат Јанг Џиечи денеска му порача на американскиот државен секретар Мајк Помпео дека е клучно Кина и САД на соодветен начин на одржуваат меѓусебни односи во период на пандемија на Ковид-19, пренесува кинеската државна телевизија ЦЦТВ.

Јанг во телефонски разговор со Помпео изрази надеж дека САД и Кина ќе се најдат на половина пат и ќе се фокусираат на соработката и промовирањето на билатералните односи во согласност со интересите на двете земји.

Тој додаде дека Кина е подготвена да продолжи да споделува информации и искуство со САД за спречување на вирусот и ставање под контрола.

Коронавирус