понеделник, 25. октомври 2021. Вести денес: 146
home Вести

Кинеската централна банка ги забрани сите криптовалути

Кинеската централна банка ги забрани сите криптовалути

Кинезите сакаат да ставаат крај на сите трансакции со криптовалути и централната банка на земјата најави дека сите трансакции со криптовалути се нелегални и забранети. Тие нагласија дека биткоин, етереум и другите популарни криптовалути може да го пореметат кинескиот финансиски систем и да се користат за перење пари и други криминални активности.

За да не дојде до тоа и за криптовалутите да не ја ослабат и да ја загрозат контролата која ја има Комунистичката партија над финансискиот систем, донесоа одлукачии последици уште веднаш беа видливи на берзите со криптовалути и повторно потонаа биткоин, етереум и другите криптовалути.

Со оглед ан тоа дека Кина е еден од најголемите пазари на криптовалути, јасно е дека секоја одлука од Пекинг влијае на целиот пазар. На кинеските банки веќе им е забрането да вршат трансакции со криптовалути, а во мај годинава кинеските регулатори објавија ново предупредување за сите банки и компании за плаќање со кои им посочија дека не е дозволено да нудат услуги кои на кој било начин вклучуваат криптовалути. Исто така, забрането е и рударењето криптовалути.

Тешко е да се претпостави како ќе влијае оваа одлука на вредноста на криптовалутите и на иднината на тој пазар. Краткорочно, јасно е дека инвеститорите ќе бидат внимателни и некои веќе почнаа да ги продаваат своите криптовалути. Според аналитичарот Даниел Лејн, оваа кинеска одлука може да ја прекине еволуцијата на криптовалутите, но не на начин кој многумина го посакуваат затоа што забраната може да ги исплаши корисниците, додека индустријата може да се врати во подземјето.

Локални избори 2021