сабота, 4. јули 2020. Вести денес: 92
МЕГА БОМБА

Нова аудио бомба: Се гледам со Вице, дадоа зелено светло да му се зaпaли колата, Трајче Заев даде црвен картон да не работи ништо

Во живо

Мицкоски ќе ја претстави програмата на ВМРО-ДПМНЕ пред граѓаните на Илинден

home Вести

Кинеската амбасада: Не е потврдено државјанството на починатите 39 лица

Кинеската амбасада: Не е потврдено државјанството на починатите 39 лица

Кинеската амбасада во Лондон соопшти дека британската полиција се уште не може да потврди дали 39-те лица кои беа мртви пронајдени во камион, биле кинески државјани.

Медиумите претходно јавија дека британската полиција соопшти, а Пекинг потврдил дека починатите 31 маж и осум жени биле државјани на Кина.

-Британската полиција рече дека го проверува идентитетот на починатите и не е во можност сега со сигурност да каже дека лицата се кинески државјани, наведува амбасадата на Кина во Лондон.

Во меѓувреме, Глобал Тајмс оценува дека не е можно да се каже колкава е одговорноста за трагедијата, но напоменува дека „толку сериозна хуманитарна катастрофа се случила пред очите на Британците и Европејците“, пренесува Ројтерс.

Парламентарни избори 2020