четврток, 4. јуни 2020. Вести денес: 141
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Кина затвора граници за странци поради коронавирусот

Кина затвора граници за странци поради коронавирусот

Кина од 28 март привремено ќе запре влез на своја територија за странци со важечки визи и дозволи за престој како привремена мерка против ширењето на епидемијата на коронавирусот, соопшти денеска кинеското Министерство за надворешни работи.

Исклучоци ќе се прават за лица кои ќе бидат во дипломатска или официјална посета, како и за лица што имаат „Ц“ виза.

Визи од категорија „Ц“ се издаваат на странци кои учествуваат во меѓународни транспортни услуги.

Во Кина се регистрирни 67 нови случаи на заразени со коронавирусот, додека во провинцијата Хубеи нема ниту еден нов случај, соопшти кинеската Национална комисија за здравство.

Коронавирус