понеделник, 17. мај 2021. Вести денес: 154
home Вести

Кина започна со изградба на најголемата 5Г мобилна мрежа во светот

Кина започна со изградба на најголемата 5Г мобилна мрежа во светот

Кина започна со изградба на најголемата 5Г мобилна мрежа во светот, соопшти денеска кинеското Министерство за индустрија и информатичка технологија (МИИТ).

Државата изгради вкупно 792.000 5Г базни станици до крајот на февруари годинава, а бројот на мобилни терминали приклучени на мрежата достигна 260 милиони, рече на прес-конференција Лиу Лиехонг, заменик министер на МИИТ, пренесе Xinhuanet.com

Министерството, исто така, процени дека испораките на 5Г мобилни телефони во Кина ќе учествуваат со 80 проценти од вкупните пратки во втората половина на оваа година.

Кинеската брзина на мобилна мрежа е рангирана на четвртото место меѓу 139 земји и региони, рече Лиу, повикувајќи се на податоци на Меѓународната агенција за брзина.

Кина има намера да изгради повеќе од 600.000 5Г базни станици во 2021 година.

Коронавирус