понеделник, 6. април 2020. Вести денес: 163
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Кина веќе разработила вакцина против новиот коронавирус, тврди кинескиот амбасадор

Кина веќе разработила вакцина против новиот коронавирус, тврди кинескиот амбасадор

Кинеските експерти веќе ја разработиле вакцината која првично се смета за ефикасна против коронавирусот „COVID-19“, соопшти кинескиот амбасадор во Русија Џан Ханхуеи, пишува рускиот весник „Известија“.

-Кина веќе разработи вакцина која води до имунитет. Но, тоа е првична информација, а неопходни се дополнителни проверки и одобренија, изјави амбасадорот.

Освен тоа, според информациите на лекарите, успешно, без странични ефекти,  се користат и кинеските лекарства за борба со симптомите од вирусот, а, исто така, ефикасно се покажа и старото советско лекарство кое се користи во случаите против маларија.

Според дипломатот, во Кина секој ден со вирусот се заразуваат неколку стотици лица и околу 2.000 оздравуваат. Смртността на „COVID-19“ е намалена и денеска таа во првата провинција каде се појави – Хубеи е помала од три отсто дневно, односно 0,55 отсто во другите провинции.

Претходно во текот на февруари во Кина беше одобрен лекот што  властите официјално го признаа за потенцијално ефекасен во борбата со коронавирусот. Лекот е познат под името Favipiravir или Avigan.

Тогаш беше соопштено и за создавањето на брз тест, со кој дијагнозата за коронавирус се поставува за само 15 минути. (МИА)

Коронавирус