сабота, 16. јануари 2021. Вести денес: 110
home Вести

Кина со критики за САД поради присуство во Јужното Кинеско Море

Кина со критики за САД поради присуство во Јужното Кинеско Море

Кинеските власти упатија повик до САД да прекинат со испраќање свои бродови и воени авиони во близина на острови врз кои Пекинг тврди дека има право во Јужното Кинеско Море.

Високиот кинески претставник Јанг Џиечи го изнесе тој став на својата влада по најновата рунда безбедносни разговори меѓу САД и Кина во Вашингтон.

Во исто време, американскиот министер за одбрана, Џим Матис изјави дека САД им одговориле на Кина дека американската војска „ќе лета, плови и оперира каде е дозволено со меѓународното право“. Матис додаде дека за време на синоќешниот состанок разговарал и за начините да се намалат воените тензии во односните меѓу двете држави.

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ја критикува наводната кинеска милитаризација во Јужното Кинеско Море.

МИА

Коронавирус