петок, 27. ноември 2020. Вести денес: 116
home Вести

Кина се закани дека е подготвена за трговска војна со САД

Кина се закани дека е подготвена за трговска војна со САД

Кинеските власти денеска им се заканија на САД дека се подготвени за трговска војна, доколку САД продолжат со своите царински политики.

Кинеската најава доаѓа откако американскиот секретар за трговија Вилбур Рос изјави дека САД се уште ја држат отворена можноста за воведување царини на кинескиот увоз во САД вреден 50 милијарди долари.

– Ги повикуваме САД да го исполнат своето ветување и да се сретнат со нас на половина пат, за да имаме заедничко решение. Инаку, Кина ќе преземе решителни и силни мерки да ги заштити своите интереси, изјави Хуа Чунјинг, портпарол на кинеското Министерство за надворешни работи.

МИА

Коронавирус