четврток, 24. јуни 2021. Вести денес: 0
home Вести

Кина: САД не треба царините да ги користи како оружје и средство за присила

Кина: САД не треба царините да ги користи како оружје и средство за присила

Кина денеска соопшти дека царините не би требало да се користат како оружје, откако американскиот претседател Доналд Трамп во петокот се закани дека со зголемување на царините ќе се одмазди кон оваа земја заради начинот на кој таа управуваше со епидемијата.

-Царината негативно влијание на сите страни, изјави портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи Хуа Чунџинг, додавајќи дека САД треба да престанат да размислуваат за царините како оружје и средство за присилување, пренесоа британските медиуми.

Трамп во петокот кажа дека зголемувањето на царините за кинеските производи секако е една од опциите за одмазда заради начинот на кој Кина се однесуваше кон пандемијата на коронавирусот.

Хуа Чунџинг изјави дека САД не треба да го свртуваат вниманието од сопственото лошо управување со кризата предизвикана од пандемијата со префрлање на вината кон Кина.

Тој истакна дека Кина презела соодветни мерки многу брзо по избувнувањето на епидемијата и дека за тоа на 3 јануари ја известила и Светската здравствена организација и земјите ширум светот, вклучително и САД.

-Наводите дека Кина намерно го шири вирусот, за кој шпекулираат некои американски официјални претставници, се неосновани, рече Чунџинг.

ЕУРО 2020

Македонија